
Петто издание на саемот Скопје Air Fair во Градски парк
Посетителите на саемот, што ќе почне во 11 часот на локацијата „Вембли“ во Градскиот парк, ќе можат да се запознаат со професиите: контролори на летање, пилоти, инженери, инспектори за безбедност и сигурност во воздушниот сообраќај и многу други воздухопловни експерти.
Под мотото „Делуваме денес — за воздухопловството утре!“ денеска во Градскиот парк во Скопје, ќе се одржи петтото издание на воздухопловно-едукативниот саем – Скопје Air Fair 2025, во организација на Здружението за подобро воздухопловство „Авикон“.
Посетителите на саемот, што ќе почне во 11 часот на локацијата „Вембли“ во Градскиот парк, ќе можат да се запознаат со професиите: контролори на летање, пилоти, инженери, инспектори за безбедност и сигурност во воздушниот сообраќај и многу други воздухопловни експерти.
Од „Авикон“ велат дека саемот претставува централно место за професионална ориентација на младите и уникатна можност за сите посетители да се запознаат со авијациската индустрија во земјата.
– SKOPJE AIR FAIR 2025 e преставување на воздухопловни професии на младите – од пилоти и стјуарди, преку контролори на летање и воздухопловни метеорлози, техничари, па сѐ до инженери и оператори со дронови. Саемот е особено наменет за средношколците и студентите кои размислуваат за кариера во авијацијата На едно место, посетителите ќе може да се сретнат и да комуницираат директно со професионалци и претставници од сите клучни воздухопловни ентитети, вклучувајќи ги: WIZZ AIR Pilot Cadet Program (Унгарија), Агенција за Цивилно Воздухопловство, Siberi Fly (Италија), ТАВ аеродроми, Аеро Клуб Скопје, Професиите од системот на Контрола на летање преку М-НАВ а.д Скопје и здруженијата ЗКЛМ, ЗВММ и ЗВТПСКЛ, Аеро клуб Штип, DroneBuzz (Сертифициран тренинг центар за летање со дронови), Воена Академија, Хеликоптерска единица Јастреби при МВР кои и ќе слетааат со својот Bell412 хеликоптер, Дирекција за Заштита и Спасување (кои се задолжени за гаснење на пожари со ер трактори), Ад Вербум (сертифициран тест центар за воздухопловен англиски јазик), Ваздухопловна Академија Београд (Србија), Макетрски клуб „Мајор Михајло Ивановски – Микс“, Римин Аир, Воздухопловна Федерација на Македонија, Едукативен Центар Шаботиќ и други…стои во најавата за настанот.
Влезот за сите посетители е слободен.