Се повлекува ли Али Ахмети од политиката?

Албанскиот медиум „Фол“ вечерва објави дека после вториот круг од локалните избори лидерот на ДУИ Али Ахмети можно е да се повлече од политиката.

Албанскиот медиум „Фол“ вечерва објави дека после вториот круг од локалните избори лидерот на ДУИ Али Ахмети можно е да се повлече од политиката.

„Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, сериозно размислува и е блиску до одлука да се повлече од политиката. Извори во ДУИ укажуваат дека тој веќе им ја соопштил оваа одлука на некои од неговите најблиски соработници, додека се консултирал и со партнери од Албанија и Косово.

-Се очекува оваа одлука да биде објавена по вториот круг од изборите, за да не им се наштети на кандидатите на ДУИ кои се кандидираат во вториот круг. Ахмети не даде никакви јавни изјави, ниту во медиумите ниту на социјалните мрежи, по изборите на 19 октомври, на кои ДУИ победи само во Липково и Пласница“, пишува медиумот.