
Христодулидис пред лидерите на ЕУ го презентирал кипарскиот план за поддршка на мировниот план на Трамп за Газа
Кипарски план од шест точки базиран на мировниот план за Газа на американскиот претседател Доналд Трамп што може да има поддржувачки, а не посреднички карактер во спроведувањето, презентирал претседателот на Република Кипар Никос Христодулидис пред европските лидери за време на работната вечера ЕУ-Египет во Брисел.
Кипарски план од шест точки базиран на мировниот план за Газа на американскиот претседател Доналд Трамп што може да има поддржувачки, а не посреднички карактер во спроведувањето, презентирал претседателот на Република Кипар Никос Христодулидис пред европските лидери за време на работната вечера ЕУ-Египет во Брисел, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштија од кабинетот на кипарскиот претседател, Христодулидис се осврнал на улогата што Кипар може да ја игра во спроведувањето на мировниот план за Газа и објаснил дека „Кипар не се стреми кон политичко посредништво, туку кон оперативна поддршка на планот, на начин што истовремено ги штити безбедносните грижи на Израел и придонесува за одржливоста на Газа“.
Во оваа насока е и кипарскиот предлог со шест оперативни столба во рамките на иницијативата „Амалтиа“ што функционира преку билатерален безбедносен механизам и во соработка со Обединетите Арапски Емирати и Канцеларијата на Обединетите нации за програмски услуги (УНОПС).
Според онлајн изданието на кипарскиот весник „Филелефтерос“, шесте точки од планот на Кипар се однесуваат на: обезбедување хуманитарна помош (точки седум и осум од Планот на Трамп); безбедна селекција на добра и двонасочна проверка (точки 13 и 15 од Планот на Трамп); отстранување на шут и урнатини и започнување на обновата (точки 2, 4 и 14 од Планот на Трамп): поддршка во обуката, стабилизација и обновување на односите (точки 9, 15 и 18 од планот на Трамп); придонес кон Меѓународните сили за стабилизација (точка 15 од планот на Трамп), како и придонес кон Планот за економски развој (точка 10 од планот на Трамп).