Сијарто: Унгарија ќе започне разговори со САД за купување нуклеарно гориво

Унгарија ќе започне разговори за купување нуклеарно гориво од САД со цел да го диверзифицира своето снабдување, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, додавајќи дека Будимпешта ќе продолжи да купува нуклеарно гориво и од Русија.

Сијарто, кој од вчера е во Вашингтон, во интервју за државниот телевизиски канал М1 изјави дека на Унгарија ѝ е потребно повеќе нуклеарно гориво за да ги задоволи растечките потреби за енергија додека ја проширува својата нуклеарна централа, јавуваат британските медиуми.

Според Сијарто, Унгарија ќе продолжи да купува нуклеарно гориво и од Русија.

„Покрај постојните односи со руските добавувачи, започнуваме консултации за купување нуклеарно гориво и од САД, за да можеме безбедно да го опслужуваме нашиот зголемен нуклеарен капацитет“, рече Сијарто.

Министерот за надворешни работи на Унгарија се сретна со претставници на Министерството за енергетика на САД и претставници на добавувачот на нуклеарна опрема „Вестингхаус“.

Сијарто не понуди никакви детали за тоа кога Унгарија би можела да купи американско нуклеарно гориво или колку од нејзините потреби би можеле да бидат покриени со американски увоз.