Екс хрватски полицаец и актер Леон Лучиќ пукал и ранил едно лице

Лучиќ стана познат на пошироката хрватска јавност благодарение на неговата улога во серијата на RTL „Криминална екипа 2“

Во загрепската улица Едо Муртиќ спроти Музејот на современа уметност, утрово се случила пукотница, јавија хрватските медиуми.

Според информациите, поранешниот полицаец и натуршик актер Леон Лучиќ пукал и ранил маж, државјанин на БиХ Денис Мустафиќ, по што избегал. Тој бил уапсен околу час и половина подоцна, откако наводно се предал на полицијата.

Лучиќ стана познат на пошироката јавност благодарение на неговата улога во серијата на RTL „Криминална екипа 2“. Кариерата на Лучиќ по полициската служба и глумата беше обележана со низа кривични дела, вклучувајќи обид за изнуда, закани со смрт и физички напади.

Екипите за итни случаи се на местото на настанот, а полицијата го обезбедува целиот простор.