Халил ал-Хаја: Подготвени сме да ги најдеме и предадеме телата на заложниците, но потребно е повеќе време
Лидерот на Хамас, Халил ал-Хаја, денеска за египетска телевизија изјави дека Хамас е подготвен да ги најде и да му ги предаде на Израел телата на 15 заложници кои биле држени во заробеништво во Појасот Газа, но порача дека за тоа е потребно повеќе време и тешка механизација.

– Подготвени сме да ги најдеме и да ги предадеме сите тела на заложниците во согласност со договорот и немаме желба никого да задржиме. Нека телата им бидат вратени на семејствата. И нашите маченици ќе бидат вратени и достоинствено погребани, рече ал-Хаја во интервју за египетскиот ТВ канал Ал-Кахира.
Ал-Хаја нагласи дека гаранциите што Хамас ги добил од посредниците и од САД „значат дека војната во Појасот Газа е завршена“ и додаде дека на посредниците им било кажано дека количината на помош што влегува во палестинската енклава мора да се зголеми.