„Дон Кихот во Скопје“ – концерт, изложба и промоција на книга за деца

Во фоајето на Националната опера и балет вечер од 19 часот премиерно ќе биде изведен мултимедијален настан „Дон Кихот во Скопје“, кој опфаќа концерт, изложба на уметнички слики и скулптури и промоција на книга. Проектот е инспириран од култната приказна за славниот витез Дон Кихот на Мигел де Сервантес. Настанот е организиран од Амбасадата на Шпанија во Скопје по повод националниот ден на Шпанија - 12 Октомври.

Во фоајето на Националната опера и балет вечер од 19 часот премиерно ќе биде изведен мултимедијален настан „Дон Кихот во Скопје“, кој опфаќа концерт, изложба на уметнички слики и скулптури и промоција на книга. Проектот е инспириран од култната приказна за славниот витез Дон Кихот на Мигел де Сервантес. Настанот е организиран од Амбасадата на Шпанија во Скопје по повод националниот ден на Шпанија – 12 Октомври.

-Светска премиера ќе доживее Концертот за пијано, гитара, наратор и камерен оркестар со наслов „Дон Кихот во Скопје“, чии автори се Дино Имери и Дијана Илкоска Имери. Под диригентство на маестра Дијана Илкоска Имери, ќе настапи Камерниот оркестар „ID“, а како солисти ќе се претстават: Дино Имери на пијано, Ади Имери на гитара и Тина Иванова, наратор и автор на текст, соопштија авторите на проектот за вечерашниот настан во НОБ за кој влезот за посетители е бесплатен.

Концертот во три става „Дон Кихот во Скопје“ за пијано, гитара, наратор и камерен оркестар, е напишан од двајцата автори – Дијана Имери Илкоска и Дино Имери во 2025 година.

-Како што кажува и самиот наслов, главна инспирација на авторите е од едно од најдобрите и централни светски и шпански книжевни дела – „Дон Кихот“ од Мигел де Сервантес. Музиката е програмска и ја отсликува приказната за патувањето на главниот лик Дон Кихот и неговиот помошник Санчо Панса во современа Северна Македонија, кои тргнуваат во потрага по нова авантура, со цел да помогнат во борбата против ветерниците и во оваа земја. Звучниот пејзаж е силно инспириран од шпанскиот и македонскиот фолклор, коишто се преплетуваат и создаваат автентична атмосфера. Текстот што го чита нараторот, пак, којшто е соединение на концертната форма, се провлекува низ делото како сценски контрапункт. Приказната, чија авторка е Тина Иванова, е своевидна поддршка на програмската музика. Ги следи тонските „потези“ и ги фиксира на звучното „платно“ токму како што мелодијата ја „озвучува“ наративноста, се наведува во соопштението.

Во фоајето на НОБ ќе бидат изложени уметнички слики од познатата колекција „Дон Кихот“ на реномираниот македонски уметник Владимир Георгиевски (1942-2017), во чии дела е користена фундаменталната мисла на метафората на главниот јунак, Дон Кихот: „Да се спаси човештвото од сите зла и болештини за среќа на сите луѓе на светот“.

Ќе бидат изложени и нови скулптури на младата уметница Јана Николовска, а ќе биде промовирана и  илустрирана книга за деца „Дон Кихот“ на македонски јазик, објавена во 2017 година, но сега актуализирана по повод мултимедијалниот настан.