Алонсо: Многу сме задоволни од тоа како се снаоѓа Мбапе

Пред натпреварот на Реал Мадрид против Јувентус во Лигата на шампионите, тренерот на шпанскиот клуб Чаби Алонсо, изјави дека тимот е многу задоволен од напаѓачот Килијан Мбапе.

Пред натпреварот на Реал Мадрид против Јувентус во Лигата на шампионите, тренерот на шпанскиот клуб Чаби Алонсо, изјави дека тимот е многу задоволен од напаѓачот Килијан Мбапе.

– Многу сме задоволни од тоа како се снаоѓа Килијан. Тој донесе одлични одлуки во ситуации кога се постигнуваа голови и беше многу фокусиран, изјави шпанскиот тренер.

Во сезоната 2025/26, 26-годишниот Французин постигна 15 гола и имаше две асистенции во 11 натпревари.

Реал Мадрид ќе биде домаќин на Јувентус утревечер во 21 часот на „Сантијаго Бернабеу“.