
Засилена акција за чистење на Центар – зголемен број хигиеничари, механизација, работа во две смени
Се зголемува бројот на хигиеничари кои денеска ќе работат во две смени - сабајле и навечер, со цел одржување на хигиената на највисоко ниво, најави градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски. Како што информираа денеска од локалната самоуправа, механизацијата што се изнајмува целосно се пушта во погон.
Се зголемува бројот на хигиеничари кои денеска ќе работат во две смени – сабајле и навечер, со цел одржување на хигиената на највисоко ниво, најави градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски. Како што информираа денеска од локалната самоуправа, механизацијата што се изнајмува целосно се пушта во погон.
– Утрово, но и од она што го видовме викендов, повторно е хаотично со сметот. Уште денеска се фаќаме за работа, продолжуваме со одржување на хигиената на највисоко ниво. Уште од денеска се зголемува бројот на хигиеничарите на терен, со работа во две смени – сабајле и навечер и механизацијата што ја изнајмуваме се пушта целосно во погон, се наведува во пишаната изјава на Герасимовски.
На состанокот со раководителите на сектори од општината, Герасимовски изјавил дека мора да се отпочнат и буџетските форуми што беа најавени.
-Ги најавивме и мора да ги отпочнеме буџетските форуми и јас предлагам, да не чекаме ноември, туку уште од оваа недела да ги договориме истите, да видиме колку ќе одржиме оваа година, дали ќе биде еден поголем или неколку помали и еден завршен поголем. Мислам дека треба урбаните заедници, да одбереме три, каде што би одржале три посебни форуми и дополнително еден голем каде што ќе ги донесеме заклучоците за програмата, смета Герасимовски.