
ВМРО-ДПМНЕ победи во 53 општини, ВРЕДИ во 9, СДСМ во 8, а НАИ во 5
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на вчерашниот прв круг од локалните избори победи во вкупно 53 општини, Коалицијата ВРЕДИ во 9, СДСМ и Коалицијата во 8, Националната алијанса за интеграција во 5, а Движење ЗНАМ, Демократската партија на Турците, Унија на Роми, Група избирачи Менди Ќура и Група избирачи Азем Садиќи во по една општина.
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на вчерашниот прв круг од локалните избори победи во вкупно 53 општини, Коалицијата ВРЕДИ во 9, СДСМ и Коалицијата во 8, Националната алијанса за интеграција во 5, а Движење ЗНАМ, Демократската партија на Турците, Унија на Роми, Група избирачи Менди Ќура и Група избирачи Азем Садиќи во по една општина.
Според првичните резултати на ДИК по обработени 99,94 отсто од гласовите, кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ победија во Аеродром, Берово, Битола, Босилево, Брвеница, Бутел, Валандово, Василево, Вевчани, Велес, Виница, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Дебарца, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Дојран, Зелениково, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Карпош, Кисела Вода, Кичево, Кочани, Конче, Кратово, Маврово и Ростуше (нема цензус), Македонска Каменица, Македонски брод, Могила, Неготино, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струмица, Чешиново-Облешево и Штип.
СДСМ и Коалицијата освоија најмногу гласови во општините Богдацни, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево, Лозово, Росоман, Центар и Чучер Сандево.
Кандидатите од Коалицијата ВРЕДИ победија во општините Арачиново, Боговиње, Дебар, Долнени, Желино, Сарај, Теарце, Тетово и Чаир.
Кандидатите на НАИ добија најмногу гласови во Врапчиште, Гостивар, Липково, Пласница и Чашка.
Кандидатот на ЗНАМ Максим Димитриевски освои најмногу гласови во Куманово, Курто Дудуш од Унијата на Роми во Шуто Оризари, во Струга и Студеничани независните кандидати Менди Ќура и Азем Садики, а во Центар Жупа кандидатот на ДПТ Аријан Ибраим.
Изесно е повторување на првиот круг во Центар Жупа, Маврово и Ростуше и во Врапчиште бидејќи не е постигнат потребниот цензус на гласање да излезат најмалку трертина од запишаните избирачи.
Во првиот круг од гласањето за градоначалник е избран оној кандидат кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку на изборите излегле една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина.
Доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник на општината, односно градот Скопје, не излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина, односно градот Скопје, се повторува целата изборна постапка за соодветната општина.
Изборите за градоначалници во единиците на локалната самоуправа се вршат по мнозинскиот изборен модел, а изборите за членови на советите по пропорционален модел, во еден круг.
Вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 2 ноември.