
Касами ги повика лидерите на ДУИ да се повлечат и да дадат оставка
-Нивните лидери треба да се повлечат да дадат оставка и да пуштат место на новите кадри и да се реформираат како партии да дојдат пак на мегдан и да барат гласот на народот, истакна тој.
Градоначалникот на Тетово Биљал Касами се обрати на градскиот плоштад по првичните избори од првиот круг на локалните избори во кои доби најмногу гласови од сите шест кандидати за Општина Тетово.
-Ние излеговме кандидати со програма за локалните избори за да ги водиме општините следните 4 години. Нашите опоненти од ДУИ излегоа со националистичка кампања, бараа референдум и денескот од народот добија референдум. Значи, ова е најасен глас на народот за промени, за кандидати кои ќе ги ги водат општините, за програми кои ти ги решават нивните проблеми, изјави Касами.
Тој им порача на политичките соперници од ДУИ дека треба да се реформираат.
-Нивните лидери треба да се повлечат да дадат оставка и да пуштат место на новите кадри и да се реформираат како партии да дојдат пак на мегдан и да барат гласот на народот, истакна тој.