Починати граѓани во Избирачкиот список?!

Граѓани на социјалните мрежи и преку медиумите алармираат дека починати членови на нивните семејства се во Избирачкиот список за денешното гласање на локалните избори.

Граѓани на социјалните мрежи и преку медиумите алармираат дека починати членови на нивните семејства се во Избирачкиот список за денешното гласање на локалните избори.

Дел од нив се децидни дека кога биле да гласаат и кога во списокот на гласачи го виделе своето име, под нив биле и нивни починати родители кои ги виделе со слика, име и презиме.

Вакви трауматични искуства и вознемиреност на социјалните мрежи искажаа и новинари кои што виделе свои блиски кои се починати во 2021 година дека фигурираат на избирачкиот список.

За истиот проблем известува и Порталикс, кој објави дека во избирачко место во Чаир имало два конкретни случаи во основното училиште „Иднина“ каде на избирачкиот список се наоѓале лица кои починале пред 2 години.