Мицкоски: Граѓаните ќе одлучат да одиме сите напред
-Народот за време на кампањата, но и изминатиов период направи јасна разлика и мислам дека граѓаните ќе одлучат да одиме сите напред во развој, а не да се враќаме назад во оние времиња кога Македонија се ограбуваше и се распродаваше. Македонија заслужува подобро и очекувам денеска таков да биде изборот на граѓаните – рече Мицкоски.
Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, порача премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако гласаше на локалните избори во избирачко место во Карпош.