
Комисијата за избор на кандидат на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, во понеделник (20 октомври) ќе одржи состанок во просториите на Уставниот суд.
По состанокот, како што информираат од Комисијата, ќе бидат спроведени интервјуа со кандидатите, кои ќе се одвиваат на англиски и на француски јазик.
Во насока на зголемена транспарентност, интервјуата ќе бидат одржани пред независни набљудувачи. На интервјуата, како што велат од Комисијата, ќе присуствуваат претставници од невладините организации „Коалиција сите за правично судење” и Македонско здружение на млади правници.
Меѓу кандидатите кои се повикани на интервјуа се поранешни и сегашни судии, универзитетски професори и адвокати. Станува збор за 11-те кандидати: Оља Ристова, Тони Менкиноски, Наташа Габер Дамјановска, Јордан Апостолски, Александар Даштевски, Али Алиу, Илир Исени,Јелена Ристиќ, Сашо Георгиевски, Наташа Бошкова и Ана Дангова Хуг.