
Мадуро не сака да има проблеми со САД, вели Трамп
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро не сака да има проблеми со САД, изјави вчера американскиот претседател Доналд Трамп.
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро не сака да има проблеми со САД, изјави вчера американскиот претседател Доналд Трамп.
Трамп ја даде изјавата откако беше објавено дека американските сили заробиле две лица од брод за кој се тврди дека превезувал дрога во Карипското Море. Бродот беше погоден од американски напад, во кој беа убиени две лица.
Вчерашниот напад беше најновиот во кампањата за борба против трговијата со дрога што ја објави Трамп. Американскиот лидер вели дека многу дрога доаѓа од Венецуела и дека претседателот Мадуро е поврзан со трговијата со дрога.
Како одговор на новинарско прашање поврзано со наводите дека Мадуро е подготвен да направи сè за да склучи договор со САД, Трамп рече: „Да, тој нуди сè. Во право сте. И знаете зошто? Затоа што не сака да има проблеми со САД.“
Трамп ги даде забелешките за време на состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, во услови на зголемување на американските воени сили во карипскиот регион.
Во средата, Трамп изјави дека ја овластил Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) да спроведува операции во Венецуела.