(ВИДЕО) Кои се и какво е влијанието на масоните во општествениот и политички живот

Интервјуа со Марјиан Герасимов, Големиот Мајстор на Големата Ложа на Македонија и академик Глигор Јовановски лауреат на овогодинешната награда „11 Октомври“

Интервјуа со Марјиан Герасимов, Големиот Мајстор на Големата Ложа на Македонија и академик Глигор Јовановски лауреат на овогодинешната награда „11 Октомври“.

Во „Трилинг“ бараме одговор, зошто во Скопје се собрани 130 масони од целиот свет.

Разговор со Маријан Герасимов, Голем мајстор на големата масонска ложа на Македонија.

„Образованието и науката се двата најважни столбови за една држава. Државите коишто навреме сфатиле дека вложувањето во науката не е трошок туку инвестиција за развој се многу поразвиени од нашата држава“, изјави за магазинот „Трилинг“, академик Глигор Јовановски, лауреат на наградата „11 Октомври“.

„Кога славеше МАНУ во 2017, педесет години од постоењето, беше подготвена една монографија којашто се однесуваше на приоритетите на идниот развој на Република Македонија. Се сеќавам, набрзо после прославата, МАНУ беше посетена од тогашниот премиер и ние му ја подаривме книгата, монографијата.

-На посветата напишавме дека се надеваме дека овој пат институциите и одговорните министерства на Владата, на чело со премиерот ќе се ангажираат да ја проучат стратегијата и да преземат мерки и чекори за подобрување на состојбите во рамките на образованието и науката“, вели проф. Глигор Јовановски.