МРТ вчера не ги емитуваше дневниците

„Сериозен технички проблем е причината што Македонската радио-телевизија (МРТ) вчера не ги емитуваше телевизиските дневници во 17, 19:30 и во 22:30 часот“ стои во официјалното соопштение од МРТ.

„Сериозен технички проблем е причината што Македонската радио-телевизија (МРТ) вчера не ги емитуваше телевизиските дневници во 17, 19:30 и во 22:30 часот“ стои во официјалното соопштение од МРТ.

Од таму велат дека „Се врши проверка дали станува збор за намерен упад во мрежниот систем, поради постоечките сомнежи за пробивање на заштитниот механизам од надворешни напади и влијанија“.

Од МРТ додаваат и дека во расветлувањето во случајот ќе бидат вклучени сите надлежни државни институции.

Од јавниот сервис им се извинија на граѓаните за неможноста вчера да ги следат централните информативни изданија на државниот сервис.

МРТ, како што се вели во соопштението, ќе продолжи да известува навремено и објективно во интерес на јавноста.