Почина Илија Темелковски, човек кој сиот свој работен и животен век го посвети на ракометот

Темелковски како селектор ја предводеше најдобрата репрезентација на Македонија до 11 место на Светското првенство во 2009 година.

Ракометната и спортската јавност, денес изгубија вреден спортски работник информираа од Ракометната федерација на Македонија.

Темелковски како селектор ја предводеше најдобрата репрезентација на Македонија до 11 место на Светското првенство во 2009 година. Со младинската селекција на Европското првенство во 2002 година стигна до 4 место, а во 2017 година го освои шестото на Светското првенство.