
Војната во Појасот Газа заврши, изјави претседателот на САД, Доналд Трамп пред да замине во посета на Израел и на Египет, каде што денеска ќе се одржи самит за постигнување мир во палестинската енклава.
Трамп додаде дека посетата „ќе биде многу специјален момент“.
– Сите со нетрпение очекуваат да го доживеат, наведе Трамп.
Тој додаде дека многу луѓе и во Израел и во арапскиот свет „аплаудираат“ на договорот, кој го посредуваше неговата администрација.
Сите се воодушевени и возбудени, и ќе си поминеме неверојатно, посочи Трамп.