
Поднесен предлог до италијанскиот Парламент за номинирање на Трамп за Нобелова награда за мир
Италијанската премиерка Џорџа Мелони истакна дека Хамас потпишува договор за прекин на огнот во Газа не поради Грета Тунберг, флотилата за Газа, италијанскиот синдикален лидер Маурицио Ландини или специјалната известувачка на ОН Франческа Албанезе (која беше санкционирана од САД поради пристрасност). Мелони потсети дека прекинот на огнот во Газа се должи на претседателот Трамп. Утре таа ќе биде меѓу лидерите кои ќе учествуваат на Самитот во Шарм ел Шеик во Египет, посветен на темата за мирот на Блискиот Исток.
Крајнодесничарската италијанска партија „Лига“ поднесе предлог до Долниот дом на италијанскиот Парламент за поддршка на номинирањето на претседателот на САД, Доналд Трамп, за Нобеловата награда за мир за 2026 година, јави АНСА.
Предлогот е поднесен од Рикардо Молинари, лидер на пратеничката група на „Лига“ во Долниот дом. Во предлогот се наведува дека Трамп треба да ја добие наградата како признание за неговата посредничка улога во мировниот процес на Блискиот Исток.
Во петокот, италијанскиот вицепремиер Антонио Тајани, лидер на партијата „Форца Италија“, исто така, се изјасни за поддршка на идејата Трамп да добие Нобелова награда за мир, притоа изјавувајќи дека би било скандалозно доколку тоа не се случи.
Номинациите за Нобеловата награда за мир за следната година се доставуваат до 31 јануари 2026 година. Оваа година наградата ја освои венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони во петокот истакна дека Хамас потпишува договор за прекин на огнот во Газа не поради Грета Тунберг, флотилата за Газа, италијанскиот синдикален лидер Маурицио Ландини или специјалната известувачка на ОН Франческа Албанезе (која беше санкционирана од САД поради пристрасност).
Мелони потсети дека прекинот на огнот во Газа се должи на претседателот Трамп. Утре таа ќе биде меѓу лидерите кои ќе учествуваат на Самитот во Шарм ел Шеик во Египет, посветен на темата за мирот на Блискиот Исток.