Вучиќ: Албанците се нервозни од големиот одзив на Србите на изборите на Косово

Според него, Албанците од сите области – од Тирана, преку Приштина, до Прешево и Бујановац – „се опиени по синоќешната победа“ на албанската фудбалска репрезентација над Србија во Лесковац.

Албанците се нервозни од големиот одзив на Србите на изборите на Косово, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Насекаде, до 10 часот, излезноста беше поголема во српските области отколку во албанските. Се надевам дека српската листа ќе победи, се надевам дека ќе можат да го вратат дел од владата во свои раце“, изјави Вучиќ пред новинарите во Белград.

Според него, Албанците од сите области – од Тирана, преку Приштина, до Прешево и Бујановац – „се опиени по синоќешната победа“ на албанската фудбалска репрезентација над Србија во Лесковац.

„Би сакал вечерва да биде малку поважна прослава во српските заедници во Косово и Метохија, од таа прослава. Исто како што се радуваа синоќа со албанското знаме, за вечерва за едно поважно прашање од шутирањето на топката, луѓето да се радуваат во српските заедници“, рече Вучиќ.