
Децата повеќе нема да патуваат во Белград на дијализа – Јанчев со Кожувчанка донираа апарат за дијализа за деца под 10 килограми
Митко Јанчев и неговата компанија Кожувчанка, за 8 години имаат донирано повеќе од 4 милиони евра на ниво на цела Македонија, од кои речиси 40 отсто се во Општина Кавадарци.
Митко Јанчев и неговата компанија Кожувчанка, за 8 години имаат донирано повеќе од 4 милиони евра на ниво на цела Македонија, од кои речиси 40 отсто се во Општина Кавадарци.
Јанчев вели дека со вакви донации почнал кога лично се нашол во сериозна семејна ситуација. Вели дека сите негови три деца се предвреме родени на Клиниката за гинекологија, заради што таму прв пат донирал повеќе илјади евра за посебна соба за предвреме родени деца, како и простории каде што мајките можат да бидат со нив.
-Последната донација е апарат за хемодијализа, со кој за првпат во Македонија ќе се направи Оддел за хемодијализа за деца кои се со помала тежина од десет килограми. Тие деца кои досега беа итно транспортирани во Белград, и таму беа третирани со недели, а Фондот тоа го чинеше околу 50.000 евра, нема да мора повеќе да патуваат, услугата ќе биде достапна и кај нас.
Ние го купивме апаратот, со тоа и Фондот заштедува и децата и родителите нема да има потреба да се малтретираат надвор од земјава. Ќе биде пуштен во употреба околу 15-ти ноември, после изборите, вели Јанчев во „Претрес“ со Ландов.