Уапсен скопјанец, со нож избол маж во центарот на Скопје

Од МВР информираат дека вчера бил уапсен 23-годишен скопјанец на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, бидејќи нападнал маж со нож.

-Тој се сомничи дека непосредно пред тоа во близина на Соборен храм „Свети Климент Охридски“ и на бул.„Гоце Делчев“ под Стоковната куќа „Мост“ физички го нападнал Т.К.(33) од с.Долно Соње, општина Сопиште, при што употребил нож и му нанел убодни рани.

Ножот бил пронајден и одземен, а лицето е задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.