Уапсена е сопругата на докторот во кој вчера беше пукано во Куманово

Полицијата ја уапси сопругата на докторот – пулмолог Зекирија Шаини, кој вчера беше застрелан во центарот на Куманово, наводно поради вмешаност во нападот кон него.

Полицијата ја уапси сопругата на докторот – пулмолог Зекирија Шаини, кој вчера беше застрелан во центарот на Куманово, наводно поради вмешаност во нападот кон него.

„Вчера полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А.А.(43) од Тетово, поради основи на сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг З.Ш.(43) од село Слупчане, липковско.

Исто така, во врска со настанот на службен разговор во СВР Куманово се повикани шест лица, а во домот на Б.С. (50) од Куманово по судска наредба, е извршен претрес.

По целосно документирање на случајот, против А.А ќе следува соодветна пријава, додека против Љ.Ф.(36) од Гостивар, кој се сомничи за обид за убиство и се уште е во бегство, по консултација со Основното јавно обвинителство, исто така ќе биде поднесена кривична пријава“ велат од МВР.

Д-р Шаини по нападот: Немам политичко непријателство со никого