Филипче: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја, во време на најтешки кризи платите растеа 7 години по ред
Секој ден ја гледаме црната кампања против СДСМ, измислени афери што им се распаднаа една по една. Беа хибридни напади, дронови, а сега некакви стикови. Никако да разберат дека граѓаните ги прочитаа. Но, ниту јас, ниту СДСМ, нема да влезе во калта во која тие се чувствуваат комотно. Ќе продолжиме да ја разобличуваме лажната и лицемерна власт. И уште повеќе ќе зборуваме за реалните, секојдневни проблеми на граѓаните. Тоа е нашата борба за поголеми плати на работниците, за 500 евра минимална плата, за поголеми пензии, за земјоделците, за докторите, за наставниците, за младите, за Европа, истакна лидерот на СДСМ, Венко Филипче на вечерашната граѓанска трибина во рамки на кампањата за локалните избори „Се бориме за нашиот дом“ што се одржа во Валандово, на која беа претставени кандидатите за советници и кандидатот за градоначалник, Перо Костадинов.

Филипче додаде дека СДСМ покажал и докажал дека се може, затоа што партијата кога ја водела државата во најтешките кризи платите растеле седум години по ред.
-Минималната плата од 9.000 денари порасна на 22.500 денари, а просечната од 22 на над 40 илјади денари. Донесовме систем за зголемување на пензиите, ја зголемивме за 300 отсто социјалната помош. Дадовме мерки во трите последователни кризи во вредност од 2,6 милијарди евра. Се спасија 80 илјади работни места. Дваесет илјади компании се спасија од затворање, 660 илјади семејства беа заштитени со субвенционирање на сметката за струја, посочи претседателот на СДСМ.
Тој упати повик до сите граѓани што некогаш верувале во социјалдемократската идеја повторно да се приклучат во борбата за достоинствен живот и праведна држава.
-Да ја обединиме силата на разочараните од оваа ненародна власт. Да ги повикаме сите што се повлекле повторно да ни се приклучат. На 19 октомври, Валандово може да испрати порака што ќе одекне низ целата држава, порака дека борбата за Македонија продолжува, истакна тој.
Во говорот, Филипче порача дека оваа борба не е само политичка, туку човечка и општествена, борба за вредности.
-На 19 октомври ќе избереме дали ќе ја браниме куќата што ја градевме со години или ќе дозволиме овие на власт да ја рушат. Ние избираме да ја зачуваме Македонија како дом за сите. Се бориме за нашиот дом и ќе се избориме, рече Филипче, повикувајќи на масовна поддршка за број 5 за СДСМ и коалицијата.
Кандидатот за градоначалник на Валандово од СДСМ и коалицијата, Перо Костадинов на вечерашната граѓанска трибина рече дека бара нов мандат, бидејќи започнатите процеси заслужуваат да продолжат.
-Валандово мора да остане на врвот на транспаретноста на државно ниво и да биде лулка на демократијата. Валандово мора да биде на сите, на пензионерите, на земјоделците, на децата на родителите. Бизнисот, овде во Валандово, мора да продолжи да дише без притисоци, без закани и без репресии како некогаш. Институциите мора да бидат функционални, а парите мора да се враќаат кај граѓаните, истакна Костадинов.
Тој за новиот мандат најави нови програми со кои ќе се трансферираат 10 милиони денари кон граѓаните за започнување на сопствен семеен бизнис.
-Пет милиони денари на годишно ниво ќе бидат на располагање за нашите спортски клубови, културно-уметнички друштва и граѓански здруженија и два милиони денари на годишно ниво обезбедуваме за нашите пензионери. Субвенцијата за новороденче ќе се зголеми од 5 илјади на 30.000 денари. Валандово ќе добие градски стадион и голем градски парк, градски базен и балон сала. Валандово ќе добие нови паркинг места и нови кружни текови, нова градска библиотека, ќе управува на нов, современ начин со отпадот и секое домаќинство ќе селектира отпад, истакна Костадинов, образложувајќи ја неговата изборна програма.
Вечерва беа претставени и кандидатите за советници од СДСМ и коалицијата, а листата ја предводи Надица Недиќ.
СДСМ пред митингот во Валандово одржа средби со граѓани и митинзи во Дојран, Богданци и Гевгелија.