Филипче: Груба злоупотреба на институциите, началници на МВР на партиски на состаноци за изборите

„Во повеќе ситуации, во повеќе општини на состаноците на месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ гледаме присутни началници од Министерството за внатрешни работи – или ги водат состаноците или се присутни. Тоа е сериозно кршење на законот и злоупотреба на институциите“, истакна Филипче.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за груба злоупотреба на државните институции во текот на изборната кампања. Филипче потенцираше дека злоупотребата на институциите е најизразена од Министерството за внатрешни работи.

„Во повеќе ситуации, во повеќе општини на состаноците на месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ гледаме присутни началници од Министерството за внатрешни работи – или ги водат состаноците или се присутни. Тоа е сериозно кршење на законот и злоупотреба на институциите“, истакна Филипче.

На прес-конференцијата Филипче побара од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, да одговори дали лично ги организира овие состаноци и дали стои зад ваквите злоупотреби.

„Барам министерот Панче Тошковски да одговори дали тој ги организира овие состаноци. До меѓународните институции, тие коишто ги пратат изборите апелирам да реагираат на оваа појава, затоа што Министерството за внатрешни работи треба да биде професионална институција, независна којашто им служи на граѓаните, а не на политичките партии“, додаде претседателот на СДСМ.