Помошник на министерот за внатрешни работи незаконски зел надоместоци за прекувремена работа

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Р. поради постоење на основи на сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ предвидено во член 353 став 1 од Кривичниот законик.

„Пријавениот, како помошник на министерот за внатрешни работи, раководител на Одделот за дисциплински и судски постапки, ја искористил својата службена положба или овластување така што за месеците јуни, јули, август, септември, ноември и декември 2023 година, врз основа на списоци за евиденција на прекувремени работни часови и листа на работници од Одделот за дисциплински и судски постапки, кои ги исполнуваат услови за исплата на бонус плата за 2023 година што лично ја одобрил, а на која фигурирал под реден број, во отсуство на писмени наредби за реализирани часови работа, се стекнал со парични средства на име работа подолга од полното работно време во износ од 80.134 денари и бонус плата за 2023 година во износ од 36.614 денари.

-Се заедно стекнал противправна имотна корист во износ од 116.748 денари на штета на буџетот на МВР“.