
Пукната цевка со профил Ф600 на улицата „Франце Прешерн“ во населбата Влае е причина за прекинот на водоснабдувањето во повеќе скопски населби.
Засега без вода се корисниците во Карпош, Ѓорче Петров, Влае и Хром, а читатели на „Трилинг“ јавуваат дека и во општина Центар и Аеродром е намален притисокот на водата од чешмите.
Од Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје соопштија дека голем дел од градот ќе остане без вода, а останатите со намален притисок, до отстранување на дефектот.
„Со прекинато водоснабдување ќе биде голем дел од градот, а останатот дел од градот ќе биде со намален притисок. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности“, објавија оттаму вечерва.
View this post on Instagram