Претставата „Медеја“ на театарот „Иван Вазов“ од Софија освои Гран при на 19. „Скупифестивал“

Претставата „Медеја“ на театарот „Иван Вазов“ од Софија го освои Гран при-то на 19. издание на „Скупифестивал“, кој синоќа заврши во Албанскиот театар во Скопје. Режијата е дело на Данкан Донелан, а претставата предизвика големо восхит кај жирито и публиката со современата интерпретација на класичната античка драма.

Претставата „Медеја“ на театарот „Иван Вазов“ од Софија го освои Гран при-то на 19. издание на „Скупифестивал“, кој синоќа заврши во Албанскиот театар во Скопје. Режијата е дело на Данкан Донелан, а претставата предизвика големо восхит кај жирито и публиката со современата интерпретација на класичната античка драма.

Како што информираа организаторите на „Скупифестивал“,  освен најглавната награда, жирито одлучи да ја додели и наградата „Љуран Ахмети“ за претставата „Половина – животот на Марија Кири“ на театарот „Метропол“ од Тирана, Албанија, а со специјална охрабрувачка награда посвети на театарот „Хера“ од Истанбул, Турција, за изведбата на „Бес за двајца или повеќе“ од Јонеско, во режија на Сенем Џевхар.

Во образложението на жирито на жирито што ги оцени осумте претстави се наведува дека стои дека актерката Радина Караџилова, темата на Медеја ја носи на современ начин, таков што предизвика катарза кај публиката.

-Комплетно театарско дело, со исклучителната игра на главната актерка Радина Карџилова, темата на Медеја ни ја носи на современ начин, таков што предизвика катарза кај публиката. Доживеавме посебно театарско искуство, благодарение на извонредната актерска екипа и режисерскиот концепт. Цениме дека „Медеја“ на театарот „Иван Вазов“ се издвои од сите други претстави и покажа како антиката може да биде модерна и блиска до денешниот гледач, се наведува во соопштението.

За режисерска креативност беше награден Васил Василев за претставата „Дон Жуан“ од Молиер, продукција на Националниот театар од Ниш.

„Скупифестивал“ се одржа на сцената на Албанскиот театар, под мотото „На крајот, секоја маска мора да падне“. Фестивалот собра претстави од театарски куќи од Косово, Италија, Словенија, Турција, Србија и Бугарија.

Фестивалот ја промовира културната размена и е поддржан од Министерството за култура и туризам. Организатори се Музбајдин Ќамили, Сенко Велинов и Осман Ахмети, со придонес во дизајнот од Eggra.