ДУИ: ВЛЕН не е ништо друго туку огранок на ВМРО-ДПМНЕ

Наместо да им служи на граѓаните, наведуваат од партијата на Али Ахмети, градоначалникот на Тетово им служи на плановите на Мицкоски и на политиките на „српскиот свет“ кој сè повеќе го проширува своето влијание преку сомнителни проекти и сомнително финансирање.

Демократската унија за интеграција реагира на заедничкото појавување на премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, на увидот во работите во училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, еден ден по средбата на Мицкоски со српскиот премиер, на која, како што велат од ДУИ, договорите што ги постигнаа остануваат надвор од очите на јавноста.

-Во екот на изборната кампања, станува сè појасно дека „ВЛЕН“ не е ништо повеќе од албанскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот нема потреба да кандидира кандидати во Тетово, Чаир, Гостивар, Струга и на други места, бидејќи кандидатите на „ВЛЕН“ се всушност негови политички кандидати.

Мицкоски го поддржува Билал Касами не случајно, туку затоа што никој подобар од Касами не би прифатил „српска донација“ за изградба на црквата во Тетово и за реконструкција на училиштето „Кирил Пејчиновиќ“.

Она што граѓаните сè уште не го знаат, а што треба да го знаат, е вистинската цел на оваа донација и каков политички или финансиски долг добил Касами од српската компанија што ја понудила. Транспарентноста е нула, додека сомнежите за надворешни влијанија се длабоки, истакнуваат од ДУИ.

Наместо да им служи на граѓаните, наведуваат од партијата на Али Ахмети, градоначалникот на Тетово им служи на плановите на Мицкоски и на политиките на „српскиот свет“ кој сè повеќе го проширува своето влијание преку сомнителни проекти и сомнително финансирање.

-ДУИ бара итни појаснувања за овој договор, за изворот на средствата, за нивната намена и за вистинските корисници. Граѓаните на Тетово заслужуваат одговорност, а не пропаганда, стои во партиското соопштение.