
Концерт на млади уметници на 48. Денови на македонска музика
Во рамки на 48-то издание на фестивалот „Денови на македонска музика“, Сојузот на композиторите на Македонија вечер од 20 часот во Музејот на македонската борба ќе организира Концерт на млади уметници.
Во рамки на 48-то издание на фестивалот „Денови на македонска музика“, Сојузот на композиторите на Македонија вечер од 20 часот во Музејот на македонската борба ќе организира Концерт на млади уметници.
Ќе настапат Ангела Андовска – сопран, Јана Каевска – флејта, Марија Најдовска – труба, Ивона Базгалоска – пијано, Искра Атанасова-Митуш – пијано и Ивана Здравкова – виолина.
Како што информира СОКОМ, на концертната програма се дела од композиторите Трајко Прокопиев, Томислав Зографски, Благоја Ангелески, Стојан Стојков, Благој Цанев, Тодор Скаловски, Гоце Коларовски, Михаило Трандафиловски и од Драган Ѓаконовски-Шпато.
-Концертот на младите музички таленти претставува традиционален дел од програмата на фестивалот „Денови на македонска музика“. Низ годините, фестивалот им дава континуирана поддршка на најперспективните уметници, од кои многумина денес се афирмирани музичари со успешни кариери во изведбата на класичен и современ музички репертоар, соопшти Сојузот на компзиорите.
СОКОМ посочува дека фестивалот ја истакнува улогата на младите изведувачи во претставувањето на македонското современо музичко творештво и во нивниот развој како идни истакнати претставници на нашата културна сцена.
Влезот на концертот е слободен за посетители.