
„Сенки / Светло / Сцена“ – прва самостојна изложба на Марко Угарковиќ
Во фоајето на Националната опера и балет вечер од 19 часот ќе биде отворена првата самостојна изложба на Марко Угарковиќ, насловена „Сенки / Светло / Сцена“.
Во фоајето на Националната опера и балет вечер од 19 часот ќе биде отворена првата самостојна изложба на Марко Угарковиќ, насловена „Сенки / Светло / Сцена“.
-Изложбата претставува авторско истражување на односот меѓу светлината и темнината, сцената и зад кулисите, видливото и скриеното. Делата носат силна емотивна порака и го покануваат гледачот да стане дел од играта на сенките и светлината, наведува авторот на изложбата која е поддржана од Министерството за култура и туризам.
Марко Угарковиќ е концертен фотограф кој во изминатите три сезони соработува со Националната опера и балет и преку својот објектив ги овековечува сите нивни продукции. Тој е и официјален фотограф на Мајските оперски вечери, а оваа година беше официјален фотограф на фестивалот „Охридско лето“.