
Јакимовски: Ќе го зголемиме капацитетот за згрижување деца во градинките во Влае
➡ Продолжуваме со подобрување на условите во градинките односно во подобрување на условите во детската заштита. Овде, во Влае, во градинката „Пролет“, ќе направиме четири нови занимални коишто ќе чинат околу 520 илјади евра и со тоа ќе го подигнеме капацитетот, за да можат комотно да бидат сместени нашите најмлади жители, и од Влае 1 и од Влае 2, рече Јакимовски.
Лидерот на Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ) Стевче Јакимовски, кандидат за градоначалник на Карпош, изјави дека ќе работи на подобрување на условите и капацитетите во градинките во Влае.
-Продолжуваме со подобрување на условите во градинките односно во подобрување на условите во детската заштита. Овде, во Влае, во градинката „Пролет“, ќе направиме четири нови занимални коишто ќе чинат околу 520 илјади евра и со тоа ќе го подигнеме капацитетот, за да можат комотно да бидат сместени нашите најмлади жители, и од Влае 1 и од Влае 2, рече Јакимовски.