Герасимовски: Градиме нова градинка во близина на Клиничкиот центар, капацитет до 100 деца

➡ Со отворање на новата градинка, создаваме нови можности за вработување за околу 25 воспитувачи, негуватели, стручни соработници и помошен персонал, рече Герасимовски.

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека во новиот мандат почнува изградбата на нова современа детска градинка во непосредна близина на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Тој истакнува дека планираната градинка ќе биде модерен и функционален објект, изграден според највисоки стандарди за безбедност и квалитет, со капацитет до 100 деца.

„Градиме нова, современа градинка во непосредна близина на Клиничкиот Центар, кадешто ќе може да се згрижат 100 деца. Оваа градинка ќе биде изградена по највисоки стандарди за безбедност и квалитетот, по примерот на градинката „Пролет“ која во моментов е најубавата и најмодерната градинка во државата. Со отворање на новата градинка, создаваме нови можности за вработување за околу 25 воспитувачи, негуватели, стручни соработници и помошен персонал“, рече Герасимовски.