Мицкоски: Ќе завршат изборите – некои судии и обвинители ќе бидат сменети

➡ Нема големи кривични случаи само поради една причина, а тоа се малкумина ваши лакеи кои ги има во обвинителството и судството… иако истражните органи сработија десетици случаи на висока корупција кога влада беа СДС и ДУИ, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митинг во Демир Капија, во рамки на кампањата за локалните избори, го обвини СДСМ дека преку „малкумина лакеи“ во обвинителството и судството опструира големи случаи на корупција.

„Нема големи кривични случаи само поради една причина, а тоа се малкумина ваши лакеи кои ги има во обвинителството и судството… иако истражните органи сработија десетици случаи на висока корупција кога влада беа СДС и ДУИ,“ рече Мицкоски.

Тој додаде дека „грчевито нивните лакеи заедно со нив се борат да се опструираат истрагите поткрепени со докази,“ најавувајќи кадровски промени по локалните избори: „Локалните избори ќе завршат и вашите лакеи ќе бидат сменети и ќе дојдат вистински судии и обвинители и ќе одговарате. Обрачот се стега и нема бегање од одговорност.“