Израел издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

➡ Ова е последна шанса за жителите на Газа кои сакаат да се преселат на југ и да ги остават терористите на Хамас изолирани во Газа, изјави Кац, цитиран од израелските медиуми, додека израелската армија ги интензивираше своите операции во градот.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ, или ќе бидат „сметани за терористи“.

-Ова е последна шанса за жителите на Газа кои сакаат да се преселат на југ и да ги остават терористите на Хамас изолирани во Газа, изјави Кац, цитиран од израелските медиуми, додека израелската армија ги интензивираше своите операции во градот.

Кац додаде дека оние што ќе останат во Газа ќе се сметаат за „терористи и поддржувачи на тероризмот“.