
Филипче: Јасно ги поставуваме црвените линии – јазикот, идентитетот, културата и историјата не се предмет на преговори
➡ Ги повикуваме сите политички партии да ја поднесеме оваа резолуција заедно. Само така ќе обезбедиме еден вид национален консензус, каков што има во сите големи и развиени држави. Нашите црвени линии се јасни – јазикот, идентитетот, културата и историјата. За тоа ние не преговараме, изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче.
„Нашиот предлог е јасен – во предлог резолуцијата што ја поднесуваме се содржани сите претходни документи и резолуции, вклучително и Францускиот предлог. Во таа резолуција јасно кажуваме како се заштитени сите идентитетски одредници, и сега повторно ги потврдуваме. Јасно кажуваме кои се нашите црвени линии,“ изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Филипче подвлече дека СДСМ не сака ова прашање да биде партиска тема, туку државна одлука и национален консензус:
„Ги повикуваме сите политички партии да ја поднесеме оваа резолуција заедно. Само така ќе обезбедиме еден вид национален консензус, каков што има во сите големи и развиени држави. Нашите црвени линии се јасни – јазикот, идентитетот, културата и историјата. За тоа ние не преговараме.“
Тој остро реагираше на обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го релативизираат предлогот: „Жалам што ВМРО-ДПМНЕ повторно се обидува да спинува и да избегне државничка одговорност. Време е, барем за овие прашања, сите да бидеме обединети и да покажеме зрелост пред граѓаните и пред Европа.“