
Санду: Русите треба мирно да ја напуштат Приднестровие
➡ Молдавската претседателка Маја Санду изјави дека е потребно да се најде решение што ќе овозможи мирно повлекување на руските трупи од Приднестровие.
Молдавската претседателка Маја Санду изјави дека е потребно да се најде решение што ќе овозможи мирно повлекување на руските трупи од Приднестровие.
-Мора да најдеме решение за да може руската армија мирно да ја напушти нашата територија, рече Санду, според порталот Њузмејкер.
Таа нагласи дека Кишињев има економски план за „реинтеграција“ на регионот, чија цел е граѓаните на Приднестровие да видат повисок животен стандард во Молдавија. Според неа, најголем предизвик останува прашањето за повлекување на руските трупи, по што би следувал постепен процес на реинтеграција.
Санду потсети дека овој дел ќе биде најтежок во политичка и безбедносна смисла.
Во исто време, Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) неодамна објави дека Европа се подготвува да распореди трупи на НАТО во Романија, недалеку од молдавската граница, со цел да изврши притисок врз Приднестровие. Според овие информации, првите единици од Франција и Велика Британија веќе пристигнале во Одеса.
За потсетување, поранешната претседателка на Молдавија ја критикуваше Маја Санду, тврдејќи дека граѓаните не ѝ веруваат на нејзината политика.