Изборот на нов претседател на Советот на ЈО одложен за по изборите

➡ Под точка разно, се вели во соопштението по седницата, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски се осврнал на проблемите со кои се соочува обвинителството, со недостиг на јавно обвинителски кадар, јавно обвинителски службеници, како и финансиски средства за нормално функционирање на јавното обвинителство.

Советот на јавните обвинители денеска ја одржа 28-та седница на која донесе одлука за престанок на функцијата претседател на Советот – Душица Димитриеска, поради истек на мандат на 1 октомври годинава, а изборот на нов претседател го одложи додека траат локалните избори, така што до изборот на нов претседател со Советот на јавните обвинители ќе раководи заменик претседателот на Советот, Башким Бесими.

Под точка разно, се вели во соопштението по седницата, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски се осврнал на проблемите со кои се соочува обвинителството, со недостиг на јавно обвинителски кадар, јавно обвинителски службеници, како и финансиски средства за нормално функционирање на јавното обвинителство.