
Во пукотница во белградска населба убиена жена, неколку други лица се повредени
➡ Жена е убиена и неколку други лица се ранети по пукање во бар во белградската населба Вишњичка Бања.
Една жена е убиена, а две лица се ранети во пукотница во бар во Белград денеска околу 15 часот, објавија локалните медиуми.
Полицијата блокираше дел од градот и ја започна операцијата „Вихор“ во потрага по сторителот за кој, според сомневањата, пукал од комбе.
Убиена е 51-годишна жена, додека М.Љ. (42) има прострелни рани на левата нога, а со прострелна рана во ногата е и А.О.(59).
Сè се случило кај Вишњичка Бања. Дежурниот јавен обвинител излегол на местото на ужасот за тековната истрага.