
Меџити го најави капиталниот проект „Чаир без отпад на улиците“
➡ Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на ВРЕДИ, Изет Меџити на денешната прес-конференција го најави капиталниот проект „Чаир без отпад на улиците“, со кој се очекува целосна замена на стандардните контејнери со подземни контејнери.
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на ВРЕДИ, Изет Меџити на денешната прес-конференција го најави капиталниот проект „Чаир без отпад на улиците“, со кој се очекува целосна замена на стандардните контејнери со подземни контејнери.
Меџити информира дека за овој капитален зафат обезбедиле буџет од 120 милиони денари со рок на имплементација од 36 месеци.
-Денеска сме собрани за да прогласиме крај на една ера на импровизации, да го означиме почетокот на системското темелно и долгорочно решавање на еден од најголемите предизвици за нашата општина – комунална хигиена. Сликите на преполни контејнери, расфрлан отпад и неуредени јавни површини не смеат повеќе да бидат дел од секојдневието на Чаир. Овие слики не само што го нарушуваат угледот на нашата општина, туку директно влијаат врз квалитетот на животот и здравјето на секој од нас, на нашите деца и нашите најстари. За тоа денеска сме тука да не зборуваме само за проблемите. Проблемите сите ги знаеме и ги живееме. Денес сме тука да понудиме јасен, конкретен и остварлив план. Визија која ќе го трансформира Чаир во чиста, уредна и модерна општина каква што сите ја заслужуваме, рече тој.
Меџити информира дека првиот столб од проектот е модернизација и трајно решение на инсталации на подземни контејнери.
-На Чаир му е потребен револуција со управување со отпадот. За тоа го најавуваме нашиот капитален проект „Чаир без отпад на улиците“. Овој проект предвидува целосна замена на постоечките честопати нефункционални контејнери со најсовремен систем на подземни контејнери низ целата територија на Општина Чаир. Се обврзуваме на целосна замена на постоечките садови за отпад со современ систем на подземни контејнери. Естетски убава и чиста средина. Подземните контејнери го елиминираат визуелното загадување и го ослободуваат јавниот простор како тротоарите и паркинг местата. Крај на непријатните миризби. Системот е херметички затворен со што трајно се спречува ширењето на непријатни миризби, особено во летните месеци. Зголемени капацитети и ефикасност – еден подземен контејнер заменува пет до шест стандардни контејнери, што значи поретко и поефикасни операции за празнење. Спречување на расфрлање на отпадот. Се оневозможува пристапот на животните и на овластените лица до отпадот, со што се става крај на грдите слики околу контејнерите, нагласи тој.
Меџити потенцира дека овој проект ќе почне со реализација веднаш во фази почнувајќи од најкритичните точки во општината.
-Во моментов има пет точки каде што функционираат подземни контејнери. Деновиве треба да отпочне шестатa на улицата „Методија Митевски“ во Топанско Поле. Исто така, заедно со ова ќе одат и два столба. Вториот столб е стратешко партнерство со Град Скопје и Комунална хигиена. И третиот столб е Чаир – наш заеднички дом, подигање на јавната свест каде што ќе работиме со граѓаните, со невладиниот сектор и сите засегнати. Ова е нашиот план, кој не е список на желби, туку сериозна и обмислена стратегија со јасни чекори и рокови и одговорности. Време е Чаир да го добие ликот што го заслужува – лик на модерна, чиста и европска општина, рече тој.
Меџити упати порака дека ќе работат на стратешките проблеми и проекти што ги засегаат граѓаните.
-Пораката е дека ќе работиме токму на тоа што граѓаните ги засега. Прво, на паркинзите и ќе обезбедиме три илјади нови паркинг места. Во претходниот мандат се обезбедени нови 1.000 паркинг места и со нови три илјади паркинг места, се решава еден од главните проблеми во Чаир како урбана и најгуста населена општина. Ова е мандат во кој што ќе решиме стратешки проблеми и проекти за Чаир, рече тој.
Воедно, Меџити упати порака за албанската опозиција дека ќе изгубат на локалните избори штом водат арогантна кампања.
-Населението и Албанците не ја сакаат ароганцијата. Впрочем, ние сме на избори. Бараме гласови за да им служиме на граѓаните, а не да ги навредуваме. И ако погледнеме низ историјата, сите оние што биле арогантни во кампањата, изгубиле. И овие ќе бидат губитници, истакна Меџити.