Миљо: Косово оди кон целосна изолација, прави непростливи грешки, зголемено е вниманието на САД кон Србија

➡ Косово не претставува вест што треба да се прикажува во ОН, лошите вести се оние што се шират најбрзо. Косово достигна точка на заситеност и не привлекува внимание, само ако се случи поголема криза. Внатрешните кавги на политичката елита повеќе не привлекуваат внимание, а Косово, колку што судам од дистанца, е препуштено на својата судбина. Србија го зголеми својот потенцијал, а вниманието на САД кон Србија се зголеми. Србија е земја што има поголема тежина во западните пресметки, оценува Миљо.

Поранешниот албански министер за надворешни работи и универзитетски професор, Паскал Миљо, во емисија на Abcnews.al, се задржа на позицијата на Косово на меѓународната сцена, веднаш по конференцијата во Обединетите нации.

Според Миљо, кавгите на политичките елити во Косово не привлекуваат внимание и дека фокусот на Американците е пренасочен кон Србија.

Рече дека Косово прави големи стратешки грешки кои се непростливи и оти “не може да живее без силна поддршка од меѓународен фактор”.

„Косово не претставува вест што треба да се прикажува во ОН, лошите вести се оние што се шират најбрзо. Косово достигна точка на заситеност и не привлекува внимание, само ако се случи поголема криза. Внатрешните кавги на политичката елита повеќе не привлекуваат внимание, а Косово, колку што судам од дистанца, е препуштено на својата судбина. Србија го зголеми својот потенцијал, а вниманието на САД кон Србија се зголеми. Србија е земја што има поголема тежина во западните пресметки, оценува Миљо.

Додава дека “целта е Србија да се отцепи од руското влијание”.

– Западњаците, но и Американците, грешат ако мислат дека ќе го одвлечат Вучиќ на нивна страна, не можат да ја избришат историјата и да ја одвојат од Русија, а не можат да ја одвлечат и од Кина, затоа што таа стана економски донатор на Србија. Тој си игра со САД, ЕУ, Русија, но и со Кина, тоа е вештина. Тој си игра со овие четири главни центри на светската политика, смета тој.

Посочува дека Косово долго време прави големи, непростливи стратешки грешки.

-Косово не може да преживее без силна поддршка од меѓународниот фактор. Мора да се откаже од неостварливите амбиции, она што Курти и неговата партија го имаат на ум за Албанците во регионот и регионалната политика нема да се случи. Една мала земја е принудена да има сојузник за да преживее, нагласи Миљо.