Моџо: Нашиот премиер од Рим се врати со ново вето, спакувано, со панделка!

„Во државичето тензиите се на највисоко ниво, една новинарка повикана во Обвинителство за вест која не ја објавила, следно ќе не викаат за мисли кои не сме ги мислеле. Два чекори се пред криминалот“.

„Ќе не признаат како црква, судиите и обвинителите ќе добијат повисоки плати, за да не земаат мито, тоа не се случило, превенираме тоа да не се случува. Судиите ги заслужиле платите со 8% доверба од граѓаните“.

„Нашиот премиер од Рим се врати со ново вето, спакувано, со панделка. На секои 6 месеци нов подарок – вето“.

„Радев рече – на 24. мај сите сме Бугари, добро е што трае само 24 часа, па сите 7 милијарди кратко бевме Бугари“ – вели Килингтон во редовната рубрика (Не) реално со Моџо.