
Трендафилов: Македонија – земја со најниски плати и најевтина работна сила!
➡ Во Србија минималната плата од октомври ќе изнесува најмалку 500 евра, а во Македонија останува под 400 евра. Тоа значи дека македонските работници се најпотценети во регионот и работат за најниски плати“, наведува Трендафилов и бара итно зголемување на минималната плата, бидејќи со сегашниот износ работниците не можат да ги покријат ни основните трошоци за живот.
„Во земја во која во месец мај 2025 година евидентирани се 509.960 работници со пресметана и уплатена нето плата од кои 374.045 работници или 73,3% од работниците примиле плата под просечната плата, а 135.915 работници или 26,7% од работниците примиле плата над просечната плата, фрапантни се податоците според кои уште позагрижувачки се податоците дека во месец мај (последен податок од УЈП обезбеден од ССМ) има евидентирано 0 (нула) работници кои примиле минимална плата и 0 (нула) работници кои примиле просечна плата што фрла дополнителен сомнеж на состојбите со платите во Македонија“, објави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов за состојбите во нашата држава.
Според него, Македонија не смее да остане земја со најниски плати и најевтина работна сила. Потсетува дека во регионот минималната плата расте, а само во Македонија стагнира.
„Па така, на пример, во Србија минималната плата од октомври ќе изнесува најмалку 500 евра, а во Македонија останува под 400 евра. Тоа значи дека македонските работници се најпотценети во регионот и работат за најниски плати“, наведува Трендафилов и бара итно зголемување на минималната плата, бидејќи со сегашниот износ работниците не можат да ги покријат ни основните трошоци за живот.