Седумнаесет случаи на труење од штипска сендвичара, кај дел од нив изолирана салмонела

➡ Се зголемува бројот на деца и вработени од штипско средно училиште, кои имаат симптоми на труење по јадење на сендвичи во блиската сендвичарница.

Се зголемува бројот на деца и вработени од штипско средно училиште, кои имаат симптоми на труење по јадење на сендвичи во блиската сендвичарница. Епидемиологот, Светлана Живкова изјави дека до денеска имаат регистрирано вкупно 17 лица со симптоми на труење, со што бројката од вчера е зголемена за уште двајца ученици и вработени во штипското училиште.

-До сега се регистрирани 17 случаи, кај дел од нив од измет е изолирана „Salmonella enteritidis“. Земени се 35 примероци од храна, вработени и работни површини и се пратени во лабораторија на Институтот за јавно здравје во Скопје, вели Живкова за МИА.

Таа додава дека резултатите од земените примероци сѐ уште се чекаат.

Мајка на дете кое заврши на Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип изјави дека симптомите на труење нејзиното дете ги има добиено по консумирање на сендвич со пилешки стек и пржени компири.

Симптоми на труење од храна од штипската сендвичара имаат 15 деца