Богдановски: Древното име Охридска архиепископија е придобивка за МПЦ!

„Она што е различно е зголемениот притисок од страна на вселенскиот патријарх за разрешување на македонското прашање, и притисок кон црковен Белград за рестарирање на овој процес. СПЦ и патријархот Порфириј добиваат политички капитал во рамки на останатите помесни цркви затоа што овозможија МПЦ по канонски правила да добие автокефалност. На страна на вселенскиот патријарх може да се препише дека после 55 години го разрешил расколот во Македонија“ – вели за Трилинг – Андреја Богдановски, докторанд на универзитетот во Бакингем, каде ги истражува движењата за автокефалија во Источна Европа и на Балканот.

Тој смета дека „според МПЦ не е проблем да се носи името Охридска архиепископија во односите со вселенскиот патријарх. Не е изненадувачки. Древното име Охридска архиепископија е придобивка за МПЦ, голема црква која 7 века се простирала низ Балканот“.