
Филипче: Се откри грдото лице на оваа власт, правда за Кочани нема да има, ги заштитиле своите функционери
➡ Ние изминатиот период видовме дека оваа власт направи се да заштити свои функционери во истрагата за Кочани и еве сега гледаме дека практично тие биле многу чести и привилегирани гости на таа дискотека, изјави Филипче.
Претседателот на Сoцијалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска во одговор на новинарско прашање поврзано со новите откритија на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), за трагедијата во Кочани, изјави дека се потврди она што и СДСМ го зборуваше во јавноста – власта направи се за да си ги заштити своите функционери.
„Ние изминатиот период видовме дека оваа власт направи се да заштити свои функционери во истрагата за Кочани и еве сега гледаме дека практично тие биле многу чести и привилегирани гости на таа дискотека“, изјави Филипче.
Тој потенцираше дека токму поради јавните настапи и прес-конференции на СДСМ беа обелоденети значајни информации и факти, кои инаку не би биле дел од официјалната истрага.
„Да не беа нашите прес-конференции во коишто обелоденувавме многу работи и факти огромен дел и од тие што беа опфатени немаше да бидат опфатени со истрагата. Жалам што морам да констатирам дека вчера мислам дека го видовме најгрдото лице на оваа власт“, истакна Филипче.
СДСМ останува посветен на барањето за целосна, независна и неселективна истрага, со цел да се утврди вистинската одговорност и да се обезбеди правда за жртвите и граѓаните.