Османи: Преговарачката рамка ги има постигнато двете најважни прашања по однос на релацијата со Бугарија

➡ Преговарачката рамка ги има постигнато двете најважни прашања во однос на Бугарија - јазикот и посебноста на народот. Уставните измени се единствената гаранција за посебноста, јазикот е дефиниран во преговарачката рамка, секој кој се обидува да отвори нови состојби со Бугарија, всушност мислам дека работи за Република Бугарија, смета Османи.

Секој кој се обидува да не ја почитува или да пресоздава нови алтернативни варијанти, верувајте дека влегува во ризичен терен. Преговарачката рамка ги има постигнато двете најважни прашања во однос на Бугарија – јазикот и посебноста на народот. Уставните измени се единствената гаранција за посебноста, јазикот е дефиниран во преговарачката рамка, секој кој се обидува да отвори нови состојби со Бугарија, всушност мислам дека работи за Република Бугарија.

Вака одговори попладнево на новинарско прашање, кандидатот за градоначалник на општина Чаир, Бујар Османи, по презентација на неговата програма за претстојните локални избори.

– Јас останувам на ставот дека има некои прашања што мора да излезат од дневно – политичкиот дискурс за политички поени. Тоа се прашањето на Европската Унија и прашањата поврзани со Европската Унија. Мислам дека во неколку наврати во која било функција, сум побарал да има натпартиски договор по однос на тие стратешки прашања, истакна Османи.

Притоа, тој го спомена примерот на Хрватска.

– Хрватска имаше само 72 месеци преговори со Европската Унија заради една причина, затоа што позицијата и опозицијата постигнаа договор дека ќе се натпреваруваат во сите теми, но, не за Европската Унија. И затоа сметам дека сега во предизборна кампања, отворање на дебатата, мислам дека нема да помогне на процесот. Можеби има добра намера. Јас не сум убеден дека со резолуции тоа ќе се постигне. Преговарачката рамка е најважниот документ што нѐ штити од какви било нови барања. Нема поважен документ. Во наш интерес е, смета Османи. 

Филипче ги објави „црвените линии“ за ЕУ – до 10 февруари да завршат уставните измени