До крајот на неделата ќе биде оценето обвинението за „Пулс“
Од судот велат дека „со оглед да во овој момент, сите обвинети и нивни бранители го имаат примено обвинителниот акт, и на 03.10.2025 година истекуваат сите Законски рокови за прием и достава на приговор, со што се исполнуваат сите услови за оцена, се очекува актот до крајот на неделата да биде оценет, за што јавноста и странките ќе бидат навремено известени“.
Основниот кривичен суд Скопје, во однос на повеќе новинарски прашања, ја информираше јавноста дека „судот во целост го разбира и почитува јавниот интерес во однос на обвинителниот акт со КООА 155/25 поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, па токму заради тој интерес досега на неколку наврати известуваше за текот на оцената и сите преземени чекори“.
„Потребно е да се напомене дека се работи за предмет со 37 обвинети правни и физички лица застапувани од 33 бранители и претставници на правните лица. Од приемот на обвинителниот акт, судот ги има ангажирано сите расположливи ресурси за достава на актот до странките, прием на сите приговори и нивно процесирање до Јавниот обвинител. За жал, во текот на изминатите неколку месеци, доставата кај дел од адвокатите и претставниците на правните лица не можеше да се реализира навреме, односно и покрај најавите од судот дека актот ќе им биде доставен директно во нивните канцеларии заради поголема ефикасност во постапувањето, истите беа отсутни. Заради тоа доставата, а со тоа и роковите за приговор, непотребно се одолговлекуваа“.