Локални избори 2025: Почна дваесетдневната изборна кампања пред гласањето на 19 октомври

Како што е предвидено во Изборниот законик (член 69а) за изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми.

Прв ден од дваесетдневната изборна кампања за Локалните избори 2025 закажани за 19 октомври. Партиите и коалициите почнуваат со официјалните изборни активности.

Изборната кампања започна на полноќ и ќе трае дваесет дена односно до 17 октомври на полноќ, по што настапува 24-часовен молк пред изборите на 19 октомври. Вториот круг на изборите ќе се одржи две недели подоцна на 2 ноември.

Како што е предвидено во Изборниот законик (член 69а) за изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми.

Доколку учесниците на изборите сметаат дека има непочитување на одредбите за изборна кампања можат да поднесат приговор за непочитување на одредбите за изборната кампања. ДИК е должна да ги испита наводите, да постапи по поднесениот приговор и да ја образложи својата одлука во рок од 72 часа од денот на поднесувањето на приговорот. Против одлуката на ДИК, подносителот на приговорот има право на тужба до Управниот суд во рок од 48 часа од приемот на одлуката. Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 72 часа по приемот на тужбата.

Учесникот во изборната кампања не може да нарача платено политичко рекламирање од радиодифузерите, печатените медиуми и електронски медиуми (интернет портали) кои не се регистрирани во Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) кој го води ДИК и да ги исплати од средства на трансакциската сметка за изборна кампања.

ААВМУ е должна од денот на распишување на изборите да доставува седмични извештаи до ДИК, а за време на изборната кампања дневни извештаи и истите ги објавува на веб страната на Агенцијата.

Резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес се објавуваат најдоцна пет дена пред денот определен за одржување на изборите, најдоцна на 13 октомври до 24:00 часот.

На 11 ден од изборната кампања кандидатите за градоначалници и советници до надлежните институции треба да достават финансиски извештаи.

Во меѓувреме исто така тече рокот за пријавување на набљудувачи на изборите.

Локалните избори 2025 се осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Ќе се гласа на 3480 избирачки места за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10 490 кандидати.

На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури.

Најмногу кандидати за градоначалници има за Градот Скопје – 16.

На 36 избирачки места во Општина Гевгелија, правото на глас до 11 часот го искористиле 3 767 граѓани или 19,75 отсто од вкупно запишаните во избирачкиот список, потврди Митко Ризов, претседат

Право на глас на Локалните избори имаат 1 832 415 гласачи, од кои 1 717 803 во земјата додека останатите 112 илјади се запишани во посебниот избирачки список со лица кои се одјавиле и се на привремена работа и престој во странство, 2 162 гласачи кои се на издржување казна затвор или притвор и  450 гласачи кои ќе остварат гласачко право во старските домови. Гласање во дијаспората за локалните избори нема, но доколку лицата кои се на привремена работа или живеат во странство допатуваат во земјата ќе можат да го остварат своето право на глас.

Најдоцна една недела пред изборите (до 10 октомври) болните и изнемоштените кои сакаат да гласаат дома треба да достават барања до Општинските изборни комисии со соодветна документација. Избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор, а кои сакаат да гласаат, преку овластен полномошник треба да ја известат ОИК најдоцна три дена пред денот определен за гласање (14 октомври). Гласањето за нив, како и немоќните и болните, за затворениците и лицата во старските домови избирачките одбори го спроведуваат на ден пред изборите односно на 18 октомври.

Во државата ќе се гласа на 3.480 избирачки места. Според Избирачкиот список во 132 избирачки места има помалку од десет избирачи, за кои гласањето ќе биде спроведено на најблиското избирачко место, како и 70 избирачки места со над илјада гласачи.

Постапката за гласање останува иста почнувајќи од личната идентификација на гласачите, употребата на биометриските апарати, земањето на избирачките ливчиња и тајното гласање. Во 80-те општини ќе има по две гласачки ливчиња за градоначалник и за совет, додека во Градот Скопје ќе има четири гласачки ливчиња – за градоначалник на Град Скопје, за градоначалник на општината и за двата совети.

Вкупниот буџет за одржување на локалните избори 2025 изнесува 9 милиони 760 илјади евра, од кои две третини се пари наменети за медиумите и платеното политичко рекламирање. Дополнително на овие пари е и сумата за надоместоците на членовите на избирачките одбори и транспортот и дистрибуцијата на членовите на ИО и избирачкиот материјал од ОИК до избирачките места каде што ќе се гласа, бидејќи тие ги обезбедуваат локалните самоуправи.

Според Изборниот законик, локалните избори се одржуваат на секои четири години во втората половина на октомври. Локалната самоуправа е организирана во 80 општини и Градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа. Во состав на Градот Скопје функционираат 10 општини, кои имаат поделени надлежности со Градот. Изборите ги распишува претседателот на Собранието со донесување акт што се објавува во Службен весник. Изборите се одржуваат најрано 70, а најдоцна 90 дена од денот на распишување на изборите.

Локални избори во Македонија се одржале во 1996, 2000, 2005, 2009, 2013, 2017 и 2021 година.